• недела, 28 јули 2024

Еколошки квиз за ученици во одморалиштето Михајлово

Еколошки квиз за ученици во одморалиштето Михајлово
Кавадарци, 15 јануари 2020 (МИА) - Еколошки квиз за основци се реализираше во просториите на одморалиштето „Михајлово“ на планината Кожуф, од страна на регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци. -Целта е нагласување на потребата од што е можно поголема еколошка свест, надградба на еко знаењата и истакнување на важноста на прашањата поврзани со здравата и чиста животна средина, нагласи Роберто Паризов, претседател на друштвото. Координатор на активностите беше Соња Иловска. Пред квизот, учениците кои доаѓаат од разни општини, имаа можност да проследат и предавање за екологија, а предавач беше Милица Иваноска. Настанот е во рамки на проектот „Произведи, употреби, рециклирај, повторно употреби”, финансиран со европски пари. свд/ир

Остани поврзан