Екипата на „Делиши компани“ победник на традиционалниот турнир во мал фудбал „Дебар 2024“
- Со доделувањето на пехарите на најдобрите, синоќа заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Дебар 2024“, што е една од повеќе спортски и културни настани во рамки на манифестацијата „Дебарско културно лето“.
Дебар, 6 август 2024 (МИА) - Со доделувањето на пехарите на најдобрите, синоќа заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Дебар 2024“, што е една од повеќе спортски и културни настани во рамки на манифестацијата „Дебарско културно лето“.
Во изминатите денови силите ги одмерија осум екипи а најдобра беше екипата „Делиши компани“, второто место и припадна на екипата на „Ресторан Дрилон“, додека третото на „Сем Терм“.
За најдобар фудбалер беше прогласен Фатјон Леши, најдобар голман Фатих Ќоку, додека за најферпеј Дегрим Каја.
Пехарите и медалите им ги врачи градоначалникот Хекуран Дука, кој не го криеше задоволството од фактот што турнирот минал во спортски дух.
- Задоволство ми е да оценам дека овој спортски настан заврши успешно во импозантна и радосна атмосфера каде беше прикажана спортската култура на натпреварувачките екипи, како и на публиката која ги следеше и ги поддржуваше нивните тимови. Се беше во ред, се фер-плеј, радост, дружба и младешко уживање. Им честитам на победниците за освоените места но и на сите за учеството, секако и на публиката што во голем број беше секоја вечер да ги следи натпреварите, рече Дука.
Турнирот се одржа под покровителство на општина Дебар, а градоначалникот најави дека и понатаму ќе бидат поддржувани вакви и слични настани. вт/зс/
Фото: МИА