• среда, 04 март 2026

Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта 

Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта 

Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи Едукативната активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта.

Како што информираат од собраниската прес-служба, учесници на едукативната активност ќе бидат учениците од СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје.

Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на едукативната активност е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. фф/са/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан