• среда, 25 декември 2024

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата изнесува 118,55 евра за мегават час, на МЕМО 108,29 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата изнесува 118,55 евра за мегават час, на МЕМО 108,29 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за денеска просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 118,55 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 108,29 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 108,81 евра за мегават час, а на MEMO 104,43 евра. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јуни до сега, (baseload till date) на HUPX изнесува 85,62 евра за мегават час, додека просечната цена за мај на МЕМО берзата изнесува 77,96 евра за мега ват час. Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето. Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

 

____________________________________________

 

 

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

 

 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан