• среда, 04 март 2026

Едно лице задржано по трагичниот настан во Карпош кога при пад од висококатница починаа мајка и дете

Едно лице задржано по трагичниот настан во Карпош кога при пад од висококатница починаа мајка и дете

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавен обвинител се преземаат дејства за испитување евентуална кривична одговорност. 

Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.И. од Делчево. Во соопштението од полицијата се вели дека момчето се товари поради по

- Денеска, по наредба на јавен обвинител, се вршат распити на повеќе лица, кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видеонадзор и други снимки од неколку локации. Во текот на вчерашниот ден беше наредена и обдукција на починатите - се посочува во соопштението.

Во однос на претходното постапување, јавниот обвинител побарал детаљно известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по овие пријави. ев/са/

ФОТО: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан