• сабота, 27 јули 2024

Едно лице загина во судир на македонски камион и автомобил во Бугарија

Едно лице загина во судир на македонски камион и автомобил во Бугарија
Делчево, 21 јануари 2022 (МИА) - Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса“ и автомобил „опел“ кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево - Станке Лисичково. Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот  Благоевград - граничен премин Станке Лисичково - Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма. Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград - граничен премин Станке Лисичково - Делчево во атарот на село Зелен дол, поради несреќата бил времено ограничен во двата правци. вс/цр

Остани поврзан