• понеделник, 02 септември 2024

Една од жртвите на Харви Вајнштајн сведочеше на судењето во Њујорк

Една од жртвите на Харви Вајнштајн сведочеше на судењето во Њујорк

Њујорк, 28 јануари 2020 (МИА) – Една од двете главни жртви на судењето на Харви Вајнштајн сведочеше дека била сексуално злоупотребена од Вајнштајн во неговиот стан во Њујорк.

Вајнштајн до сега го обвинија повеќе од 80 жени за силување и вознемирување, но пред судот во Њујорк го тужат само две жени.

Една од нив е поранешна помошничка на Вајнштајн, Мими Харлеј која тврди дека била сексуално злоупотребена од Вајнштајн во 2006 година.

Халеј вели дека не било возможно тогаш да го пријави Вајнштајн и да повика полиција бидејќи работела без работна виза и Вајнштајн и се заканил со прогон од САД.

Вајнштајн е обвинет за сексуална злоупотреба, силување и вознемирување на повеќе од 80 жени. Обвиненијата против него доведоа до создавање на движењето #MeToo кое ги обедини жените жртви на сексуално насилство од Холивуд, но и од целиот свет. ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан