• петок, 08 ноември 2024

Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга не ја помина безбедносната проверка

Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга не ја помина безбедносната проверка

Токио, 28 август 2024 (МИА) - Јапонската нуклеарна агенција потврди денеска дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.

Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не ги исполни барањата поради откривање на потенцијална пукнатина на тлото под неактивната нуклеарна единица, пренесува јапонска новинска агенција.

Поради честите земјотреси во Јапонија, забрането е поставување на реактори или складирање на радиоактивни уреди директно над активните пукнатини на тлото. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан