• сабота, 27 јули 2024

ЕВРО 2020: Белгија со минимален триумф над Португалија избори четвртфинале

ЕВРО 2020: Белгија со минимален триумф над Португалија избори четвртфинале
Севилја, 27 јуни 2021 (МИА) – Бранителот на трофејот, репрезентацијата на Португалија е елиминирана во осминафиналето на Европското фудбалско првенство. Вечерва во Севилја, Белгија со минимални 1:0 беше поуспешна од Кристијано Роналдо и соиграчите од португалската репрезентација. Победничкиот гол го постигна Торган Азар во 42. минута. Во четвртфиналето, Белгија ќе игра со Италија на 2 јули на „Алијанц Арена“ во Минхен. Претходно во текот на денот беше формирана првата четвртфинална двојка, Чешка – Данска (3 јули). Утре продолжува ЕВРО 2020 со средбите Хрватска – Шпанија и Франција – Швајцарија. зс/

Остани поврзан