• сабота, 23 ноември 2024

Европски сојуз за промена: Дали намерно се одолговлекува изградбата на патот Скопје - Блаце?

Европски сојуз за промена: Дали намерно се одолговлекува изградбата на патот Скопје - Блаце?

25 јануари 2024 

На 16 јануари 2020 година е потпишан договорот како што се гледа на фотографијата, за изградба на првите 2 километри од патот Скопје - Блаце.

Во договорот за овој проект, рокот за завршување на градежните работи е 18 месеци, додека вредноста на истиот е 14,5 милиони евра.

По 48 месеци или 4 години вредноста на проектот достигна неверојатни 30 милиони евра и до завршувањето не се знае колку ќе достигне вредноста и не се знае кога ќе заврши.

Значи, кога за 2 километри се трошат 30 милиони евра и со поминати 4 години сеуште патот не е завршен.. Сега размислете за останатите 10 километри, Прашуваме уште колку години ви се потребни за да се изгради или заврши овој пат, колку милиони евра би бил буџетот, уште колку милиони евра ќе бидат погрешно менаџирани, злоупотребени и украдени од вас?

Повикувајќи се на динамиката на оваа неуспешна и корумпирана Влада во заминување, каде 2 километри се работат 4 години и не се завршени, прашање е дали нашите деца ќе уживаат во комплетното завршување на овој пат.

Повторуваме, дека вредноста на договорот од 14,5 милиони евра во моментов надминува 30 милиони евра преку дополнителните анекс договори, затоа и јавно прашуваме:

- Зошто намерно се одолговлекува изградбата на овој пат, дали сака ДУИ пред секој изборен циклус да се промовира со ова?

- Зошто и како стигнавме до дуплирање на средствата од 14,5 милиони на 30 милиони евра и кој треба да одговара за ова?

-Дали намерно се одолговлекува завршувањето на овој проект за да се заштитат казино бизнис интересите на Кланот: Лотарија, Соравија, Евровија,...?

Но, почитувани граѓани, на ова лошо владеење, со кражби, изнуди и криминал им дојде крајот!

Овој пат, како и многу други проекти ќе се спроведат, но не од вас, вие сте веќе во заминување, а ова е најдоброто нешто што ќе им се случи на Албанците во Република Северна Македонија.

Европскиот сојуз за промени, заедно со граѓаните, еднаш засекогаш ќе му каже ДОСТА БЕШЕ на овој корумпиран, злобен и самобендисан клан!

На изборите на 8 мај конечно ќе дојде долгоочекуваната промена кај Албанците.

Европски сојуз за промена

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Европски сојуз за промена

 

Остани поврзан