• сабота, 23 ноември 2024

Европскиот сојуз за промена: Интригите на власта за непочитување на дијаспората нема да ја спречат победата на албанската опозиција

Европскиот сојуз за промена: Интригите на власта за непочитување на дијаспората нема да ја спречат победата на албанската опозиција

Скопје, 7 декември 2023

Лидерите на ДУИ, СДСМ и нивните партнери во политиката, се силно погодени и во паника од пораз на претстојните парламентарни и претседателски избори. За тоа најдобро сведочи договорот постигнат за датумите, без присуство на албанската опозиција и носење одлуки кои се штетни за сите Албанци.

Толку добро го испланираа датумот и периодот на изборите, што се погрижија до најситниот детаљ, како албанскиот гласач да не учествува целосно во гласањето, додека ова право во голема мера можат да го злоупотребат само власто-лижачите.

Тие одлучија 24 Април да биде првиот круг од претседателските избори, додека 8 Мај вториот круг претседателски и парламентарни избори.

Но, 8 Мај не е случајно одреден датум за парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори. Овој датум на виделина вади многу мрачни сценарија на власта да ги украде изборите кои тие веќе ги изгубија, а пак Албанците се обидуваат да ги претстават како губитници.

Еве кои се причините зошто ДУИ во соработка со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одлучија изборите да се одржат на 8 Мај 2024 година.

ПРВО: Да се спречи дијаспората да дојде и да гласа. ДУИ од тесни лични причини, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, одлучија изборите да се одржат на 8 Мај, среда, односно во средината на неделата, за да не може дијаспората да дојде да гласа.

ВТОРО: Оваа постапка на ДУИ е едно тајно и сервилно сценарио кон македонските партии, за да се нанесе штета на факторизација на Албанците во идната влада. Тоа е така бидејќи со недоаѓањето на дијаспората да гласа, Албанците ќе имаат помалку гласови, помалку пратеници, додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемат своите претставници во Собранието.

ТРЕТО: Парламентарните избори ги закажаа во вториот круг на претседателските избори, за истовремено да манипулираат со двата избора.

И власта на овие избори се обидува да ги држи под целосна контрола ДУИ, СДСМ и Алијансата за Албанците. Со тоа го прават секое можно уставно прекршување, членот на ДИК да не и го дадат на опозицијата на која и припаѓа. Од ДУИ сметаат дека преку членовите на ДИК, кои сега ќе го заменат нивниот министер Кренар Лога, ќе имаат поголеми можности за изборни манипулации, кражба на гласови и местење на резултатите.

Но, Европскиот сојуз за промени, на прво место, нема да дозволи да не гласа дијаспората која годишно носи над 1,5 милијарди евра во Буџетот на оваа земја. Исто така, нема да дозволиме ДУИ, СДСМ и АА да ја стават под канџи Државната изборна комисија, која е единствената институција каде што може да има надеж за нормално функционирање.

Ја известуваме Владата дека Европскиот сојуз за промени ќе се бори со сите демократски и европски методи да го добие правото на глас за дијаспората и да има свој член во ДИК. А ако власта не ги почитува овие демократски вредности, тогаш и ние ќе употребиме герилски акции.

Сѐто тоа го прави за да ги запре обидите на Фронтот, кој сака да се нарекува „про-европски“, но секојдневно прави антиевропски дејствија, анти-демократски акции и дејствија кои се чини дека се насочени од српски и руски политичари. Затоа што само во Русија власта може да одлучи кој може да гласа, а кој не, а само Путин може да одлучи опозицијата да нема претставници во организацијата на изборите.

 

Европски сојуз за промена

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан