• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стипендии за студирање во Романија за академската 2025-2026 година

Стипендии за студирање во Романија за академската 2025-2026 година

Скопје, 27 март 2025 (МИА) -  Министерството за образование и наука информира дека Република Романија преку програма за соработка доделува стипендии за магистранди, докторанди и изучувачи на романскиот јазик и култура, за академската 2025/2026 година.

-Станува збор за пет стипендии за магистарски студии, пет стипендии за докторски студии и пет стипендии за учество на летен курс за изучување на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација, наведува МОН во објавата

Рокот за аплицирање е заклучно со 1 април 2025.

Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите, како и формулар за пријавување за стипендија. хс/ев/

Фото: МИА архива   

 

Остани поврзан