• четврток, 19 декември 2024

Европол: Разбиена балканска криминална група трговци со кокаин

Европол: Разбиена балканска криминална група трговци со кокаин
...., 27 септември 2021 (МИА) - Во меѓународна полициска акција координирана од Европол, разбиена е балканска група на трговци со кокаин и започната истрага против повеќе од 61 осомничени членови на таа криминална организација. Во заедничка акција на припадници на полицијата од Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Словенија, БиХ, САД и Колумбија, спроведена истовремено на повеќе локации во Европа, припадниците на оваа криминална организација беа лишени од слобода, претежно државјани на Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, се наведува во соопштението на Европол. За време на полициската акција, запленети се 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, девет луксузни автомобили и пет мотоцикли, како и 612 илјади евра во готово. Додека криминалците се движеа на релација помеѓу Шпанија и Јужна Америка со цел да ги откријат деталите за акцијата за шверц на кокаин со вкупна тежина од над 1,25 тони, беа применети специјални полициски мерки за надзор. Истрагата беше забрзана во март годинава кога шефовите на овој криминален картел отпатуваа во Шпанија за да се подготват за пристигнувањето на пратката кокаин. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан