• вторник, 11 март 2025

Зеленски во Брисел разговараше со Макрон за распоредувањето војници во Украина

Зеленски во Брисел разговараше со Макрон за распоредувањето војници во Украина

Брисел, 19 декември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера разговараше во Брисел со францускиот претседател Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување војници во Украина како начин за постигнување стабилен мир.

-Ние споделуваме заедничка визија: сигурните гаранции се клучни за постигнат мир, напиша Зеленски на платформата „X“.

Зеленски изјави дека разговарале за иницијативата на Макрон за распоредување сили во Украина кои би можеле да придонесат за мир. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан