• среда, 25 декември 2024

Европол: Бугарите, Романците, Србите и Украинците меѓу главните учесници во шверцот на луѓе во ЕУ

Европол: Бугарите, Романците, Србите и Украинците меѓу главните учесници во шверцот на луѓе во ЕУ

Брисел, 5 април 2024 (МИА) - Бугарите, Романците, Србите и Украинците се главните учесници во најопасните криминални мрежи за трговија со луѓе во ЕУ со цел трудова и сексуална експлоатација, покажуваат податоците во извештајот на Европол, претставен денеска.

Во документот се забележува дека во ЕУ дејствуваат 821 опасна криминална мрежа, поврзани со трговија со наркотици (главно кокаин), цигари, трговија со луѓе и изнуда.

„Најчесто учесниците во оваа организација доаѓаат од Западен Балкан, главно од Албанија, но и од Турција и Мароко“, истакна на прес-конференцијата белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден.

Според неа, пазарот на дрога е еден од главните извори на насилство во ЕУ и на приход за организираниот криминал.

„Перењето пари и корупцијата се закана за владеењето на правото и основните слободи“, додаде таа.

Според европскиот комесар за правда, Диди Рејндерс, овие криминални групи имаат тенденција да ги заплашуваат и поткупуваат судиите и министрите, кои служат во обвинителството на ЕУ.

„Внатрешната безбедност на ЕУ е загрозена од активностите на оваа група со 25.000 припадници од 112 националности, од кои половина се поврзани со трговија со дрога“, изјави директорката на Европол, Кетрин де Бол.

Според неа, 86 отсто од криминалните организации имаат и легитимен бизнис, најчесто во градежништвото и хотелиерството и на тој начин се перат пари.

Де Бол додаде дека документот презентиран денеска е „најдлабоката истрага за досегот на европските криминални мрежи“. паг/

 

 

Остани поврзан