• среда, 25 декември 2024

Дука: Преземени се сите мерки за да се спречи ширење на коронавирусот во Дебар

Дука: Преземени се сите мерки за да се спречи ширење на коронавирусот во Дебар
Дебар, 8 јуни 2020 (МИА) - До 4 јуни Дебар беше зелена зона, затоа што немавме новозаразено лице со Ковид-19. По појавата на новиот случај, преземени се сите епидемилошки мерки за да се спречи понатамошното ширење на болеста, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука. Тој испрати апел до граѓаните кои ќе почувствуваат некој од симптомите карактеристични за опасниот вирус веднаш да се јават на лекар, а по направената епидемилошка анкета, доколку треба да бидат тестирани. Во исто време до сите граѓани и деловни субјкети апелираше строго да ги почитуваат мерките за заштита. Како што информира, дебарските комуналци и пожарникарите вршат дезинфекција на улиците и објекти во Долно Косоврасти, а следните денови тоа ќе биде реализирано и во соседното Горно Косоврасти. -Безбедносната состојба за време на продолжениот викенд во глобала беше мирна. Имаше 34 казни поради неносење заштитна маска, а 7 лица го прекршиле полицискиот час. Нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, рече Дука. Активни на терен и во служба на граѓаните, додаде тој, беа волонтерите на Црвен крст, до кои имало 10 повици, три во Дебар и седум во селата за набавка главно на неопходни лекарства. Според денешните официјални податоци, во Дебар регитрирано е уште едно новозаразено лице или од појавата на пандемијата вкупно 53. Од нив 47 се излекувани, четворица починаа, додека двајца се активни на болеста.Според полициската статистика, во самоизолација се 45 лица.вт/бт/

Остани поврзан