ДУИ: Го поддржуваме барањето на ССМ за зголемување на минималната плата на 450 евра
- ДУИ секогаш во својата Програма еден од главните приоритети го има подигнувањето на животниот стандард на граѓаните.
12 јули 2024
Демократската унија за интеграција во целиот период додека управуваше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците, односно минималната плата.
За тоа сведочи и зголемувањето на минималната плата, особено во последните 7 години, каде што имаме зголемување од над 100% на минималната плата, и покрај тоа што се соочувавме со светската криза од КОВИД-19 и енергетската криза.
ДУИ секогаш во својата Програма еден од главните приоритети го има подигнувањето на животниот стандард на граѓаните.
Затоа, ДУИ без сомнение го поддржува барањето на ССМ, кои бараат приходите на работниците да бидат најмалку 450 евра, наместо досегашните 370 евра.
Демократска унија за интеграција
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.