• среда, 13 ноември 2024

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

12 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини за финансиски злоупотреби во Клиниката за детски болести во 2022 година, барајќи одговорност за исчезнување на над 200.000 евра.

Иронично, тогашниот директор, кој е дел од блискиот круг на Изет Меџити, актуелен коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, повторно е именуван на истата позиција заедно со неговиот братучед.

Оваа ситуација јасно покажува дека одредени поединци, поврзани со Меџити, продолжиле со своите сомнителни практики и по напуштањето на ДУИ и приклучувањето кон актуелната влада. 

Тоа е и една од причините  зошто Меџити не го помина партискиот ветинг за член на Влада.

Затоа, обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за корупција во претходната влада всушност претставуваат тивко признавање на корупцијата кај нивните сегашни партнери.

Го поддржуваме повикот за целосна и транспарентна и неслективна истрага за овие злоупотреби и бараме одговорност од виновниците, без разлика на нивните политички или семејни врски.

ДУИ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан