• среда, 25 декември 2024

ДУИ: Албанската опозиција не ја напушта проруската агенда

ДУИ: Албанската опозиција не ја напушта проруската агенда

Скопје, 5 април 2024

И покрај апелите за мирна кампања, демократска и без клевети, албанската опозиција продолжува да им служи на проруските агенди со користење на валкан речник кој поттикнува говор на омраза и ја дезинформира јавноста со тешки измислици.

Поточно, претставници на Демократското движење денеска ги повторија веќе раскринканите клевети, обвинувајќи го идниот претседател и другите структури на Демократската унија за интеграција.

Повторените клевети покажуваат дека опозицијата го чувствува и е сигурна за тешкиот пораз што ќе го претрпи од страна на претседателскиот кандидат др. Бујар Османи и Европскиот фронт.

Граѓаните на Северна Македонија веќе знаат дека токму опозицијата не го поддржа предложениот Закон за затворање на игрите на среќа преку оддалечување на казината и обложувалниците над 500 метри од јавните објекти, или накратко - затворање на игрите на среќа во населените места низ градовите во земјата.

Граѓаните на Северна Македонија исто така, знаат дека опозицијата, тесно координирана со ВМРО на Мицкоски и Левица на Апасиев, долго време го блокираа предлог-законот на ДУИ во собраниските комисии, овозможувајќи им на мрачните сили на криминалот и корупцијата да продолжат со организирање на игрите на среќа.

Демократската унија за интеграција уште еднаш апелира до опозицијата и политичките партии да водат демократска и европска кампања, а најдобар пример за тоа е идниот претседател д-р Бујар Османи и Европскиот фронт.

Исто така, ги повикуваме граѓаните да не станат плен на дезинформациите и хибридната војна што ја води Кремљ, а најсилен удар за Москва и нејзините деривати е масовната поддршка на 24-ти април и 8-ми мај за претседателот д-р Бујар Османи и Европскиот фронт.

 

Демократска унија за интеграција 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан