• среда, 25 декември 2024

Дуда ја осуди реформата на медиумите

Дуда ја осуди реформата на медиумите

Варшава, 21 декември 2023 (МИА) - Новата полска влада, предводена од премиерот Доналд Туск, спроведува реформи во државните медиуми кои се слични на „анархија“, изјави денеска претседателот Анджеј Дуда.

Како што пренесуваат агенциите, тензиите се зголемија меѓу Дуда и новата проевропска влада на Туск, која во средата го исклучи јавниот канал за вести и ги отпушти директорите на државните медиуми „во обид да ја врати непристрасноста“.

Државните медиуми, вклучително и каналот ТВП Инфо, беа обвинети дека за време на претходната влада, станале средства за националистичка пропаганда на партијата Право и Правда (ПиС), чиј сојузник беше Дуда.

Претседателот на Полска за приватната радио станица Зет изјави дека оваа ненадејна промена претставува кршење на Уставот, бидејќи, како што тврди, биле прескокнати одредени собраниски процедури.

„Овие акции се целосно незаконски. Ова е анархија“, нагласи Дуда.

Како одговор на апелот на претседателот, Туск додаде дека активностите на неговата влада се насочени кон „враќање на правниот поредок и општата пристојност во јавниот живот“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан