• недела, 01 септември 2024

Дрон ја нападна американската база во Ирак, сирени за воздушен напад во амбасадата на САД

Дрон ја нападна американската база во Ирак, сирени за воздушен напад во амбасадата на САД

Багдад, 9 ноември 2023 (МИА) - Вооружено беспилотно летало синоќа ја нападна базата Ал Харир во северен Ирак, каде се стационирани американските сили, јавија британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Според нив, во амбасадата на САД во Багдад се огласиле сирени за воздушен напад, но засега нема информации за жртви.

Американските и меѓународните сили со седиште во Ирак и Сирија се во состојба на готовност во последниве недели по десетици напади врз нивните бази по избивањето на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Милитантната група Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за повеќето напади, велејќи дека тие се одговор на американската поддршка за Израел во неговата војна против Хамас. мс/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан