• четврток, 26 декември 2024

Државјанин на Турција бил измамен при изнајмување нстан

Државјанин на Турција бил измамен при изнајмување нстан

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) - Државјанин на Турција, вчера во Полициската станица Центар пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје, откако на социјалната мрежа Фејсбук видел дека се изнајмува стан, стапил во контакт и договорил средба. 

Како што е наведено во соопштението на МВР; на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. 

Во текот на вчерашниот ден тој отишол до станот, но не можел да го отвори со клучот, по што ја телефонски ја побарал, но не добил одговор.

-Во Полициската станица Центар, вчера во 19:20 часот 21-годишник од Република Турција пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје. Според пријавеното, откако на 29.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук видел дека лицето изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба. Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 02.12.2023 тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР. ра/

Фото: МИА архива

Остани поврзан