Лишен од слобода радовишанец поради сомнение за извршена обљуба
- Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш, како што информира МВР, вчера го лишиле од слобода С. И. (43) од Радовиш, поради сомнение дека на 29/30.03.2025 во Радовиш извршил обљуба врз жителка на радовишко. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што била пронајдена зелена растителна материја.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Полицијата лиши од слобода 43-годишен жител на Радовиш, поради сомнение за извршена обљуба врз жителка на радовишко.
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш, како што информира МВР, вчера го лишиле од слобода С. И. (43) од Радовиш, поради сомнение дека на 29/30.03.2025 во Радовиш извршил обљуба врз жителка на радовишко.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што била пронајдена зелена растителна материја.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки во текот на денот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/лв/
Фото: МИА архива