• недела, 24 ноември 2024

Државна лотарија со импресивно шоу, налик холивудските ја престави новата визија, лого и слоган на настанот „99 Мегастарс“

Државна лотарија со импресивно шоу, налик холивудските ја престави новата визија, лого и слоган на настанот „99 Мегастарс“

Скопје, 4.12.2023 година – Во четвртокот во СЦ „Јане Сандански“ беше промовирана новата визија за Државна лотарија − нова, свежа, динамична, позабавна, поблиску до народот, иновативна, со поголема и поразновидна понуда на игри на среќа и видови добивки, поактивен член на заедницата, поголема поддршка на општеството, цврста во ставот за промоција и заштита на одговорно и контролирано приредување игри на среќа − тоа е новата Државна лотарија, со нов слоган: СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

Настанот „99 Мегастарс“ наликуваше на големите холивудски шоуа, тричасовно феноменално скокотливо сценарио од забавен, комплексен, емотивен и наградувачки облик, полн со содржина и изненадувања. Настапија најголемите музички имиња од 1990-те и 2000-те а беше воден од водителскиот квартет: Игор Џамбазов, Марјана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а настапија: Искра Трпева, Peace Brothers, Куку Леле, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Теа Трајковска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…: Настанот беше вистински пример и увертира за тоа што може да се очекува од новата визија за Државна Лотарија.

На настанот се реализираше и извлекувањето на наградите од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“, по што страната www.megawin.mk беше и официјално отворена за игра. Под будното око на четворочлената комисија, со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници, се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro, 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил BMW. Пријатно изненадување беше големиот интерес за регистрации, а добивме извонредно богата шаренолика слика на добитници од: Демир Хисар, Штип, Тетово, Кочани, Гостивар, Берово, Куманово, Новаци, Македонски Брод, Старо Нагоричане, Кривогаштани, Битола и од скопските општини Илинден, Центар, Бутел, Кисела вода и Гази Баба. Добитникот на премијата автомобил BMW, го контактиравме телефонски од сцена и можевме да ја слушнеме неговата збунетост и неверување.

Новиот симбол на Државна лотарија е калинка, која на овие простори е традиционален симбол за среќа и благодат; тоа е плод којшто асоцира на радост, свежина, надеж, а ако се погледне поинаку − топче е со круна. Недвојбено, ова е вистинскиот симбол којшто ја одразува и дејноста на компанијата и нејзината нова стратегија којашто ќе донесе уште повеќе благодат за сите бидејќи СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

 

Со почит,

Државна лотарија

 

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан