• четврток, 26 декември 2024

Дресот на Марадона од Мундијалот 1986 на аукција

Дресот на Марадона од Мундијалот 1986 на аукција
Лондон, 6 април 2022 (МИА) – Дресот, кој аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона го носеше кога постигна гол во четвртфиналето против Англија на Мундијалот 1986, две години по неговата смрт ќе биде понуден на продажба, објави денеска аукциската куќа „Сотби“, изразувајќи надеж оти предметот ќе може да достигне цена од над пет милиони долари. Повеќе од 35 години сопственик на легендарниот дрес со бројот 10 е поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој по завршувањето на четвртфиналето го размени својот дрес со Марадона. Победата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година е една од најконтроверзните во историјата на мундијалите токму поради голот што Марадона го постигна со рака. Поранешниот англиски репрезентативец, кој својата автобиографија ја наслови „Човекот со дресот на Марадона“, дресот му го довери на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за таму да биде изложен и вети по смртта на Марадона во 2020 година дека предметот нема да се продава, бидејќи има „неверојатна сентиментална вредност“. Во меѓувреме, Хоџ очигледно се предомислил. „Сотби“ објави дека дресот ќе биде понуден на онлајн аукција од 20 април до 4 мај за почетна цена од четири милиони фунти (5.2 милиони долари). ег/паг/

Остани поврзан