• недела, 24 ноември 2024

Драмски театар - Скопје со „Моето име е Горан Стефановски“  на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад

Драмски театар - Скопје со „Моето име е Горан Стефановски“  на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад. По повеќегодишна пауза Драмски театар - Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови“. „Се викам Горан Стефановски“ ќе биде изведена в недела на 29. мај. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“) Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Ансамблот на Драмски театар-Скопје со ова гостување на 67-то „Стеријино позорје“ ја продолжува повеќедецениската традицијата на успешни изведби и наградувани претстави на еден од најпрестижните театарски фестивали во регионот. Првото учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје“ било во 1966 година со претставата „Богомилска балада“ Наградени претстави и поединци: • 1967: Покојник - награда за најдобра претстава во целина- режија Љубиша Георгиевски; • 1970: Адам и Ева и Јов - Крум Стојанов - награда за најдобро актерско остварување; • 1975: Јане Задрогаз - Ѓорѓи Здравев - награда за најдобри костими; награда на тркалезната маса на критиката најдобра претстава во целина; Тодорка Кондова - награда за учество; Слободан Унковски - награда за млад театарски работник; Горан Стефановски - награда од Книжевна младина на Војводина за млад писател; • 1980: Диво месо - награда за најдобра претстава во целина; Горан Стефановски, награда за оригинален драмски текст; Слободан Унковски - вонредна награда за режија; Благој Чоревски - награда за најдобро актерско остварување за улогата на Стеван Андреевиќ; награда за најдобра претстава од Тркалезната маса на критиката; Ненад Стојановски - награда за млад уметник за улогата Андреја Андеевиќ. • 1982: Еригон - вонредна награда за најдобра претстава; Мери Бошкова - награда за најдобро актерско остварување за улогата на Мадам Дибуа; Драмски театар Скопје - Плакета за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1984: Дупло дно - Милица Стојанова - награда најдобро актерско остварување за улогата на Параскева; Динка Јеричевиќ - награда за најдобра сценографија; Силвија Стојановска - награда за млад актер за улогата на Кристина. • 1987: Р - Петар Темелковски – награда за најдобро актерско остварување за улогата на Максим Бродски; Ненад Милосаљевиќ - награда за најдобра епизода улога. • 1989: Сили во воздухот - Снежана Стамеска - награда за најдобро актерско остварување за улогата на; Ненад Стојановски - награда за улогата на Миле; Благој Чоревски - награда за најдобра епизодна улога за улогата на Благоја; Небојша Ромчевиќ - награда од Стерииниот град Вршац за современа комедија. • 1990: Кула вавилонска - награда за најдобра претстава; Слободан Унковски - награда за најдобра режија; Љиљана Богоевиќ - награда за најдобро актерско остварување за улогата на Рина; Марина Чутрурило - награда за најдобра сценографија; Драмски театар Скопје - награда за најчест гостин на Стеријино позорје, Нови Сад. • 1991: Медеја - Ѓорѓи Јолевски - награда за најдобро актерско остварување за улогите во Медеја на Драмски театар Скопје и Подземна република на Народен Театар Битола; Вито Тауфер - вонредна награда за успешно афирмирање на амбиенталниот театар во претставата Медеја. лв/дма/

Остани поврзан