Дојава за бомба во седиштето на владејачката италијанска партија „Браќа на Италија“
- Во зградата на улицата Виа дела Скрофа во Рим, каде што се наоѓаат седиштето на владејачката партија „Браќа на Италија“, канцелариите на Фондацијата Национален сојуз и редакцијата на весникот „Секоло д'Италија“, денеска е пријавено дека е поставена бомба, по што зградата е евакуирана, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Рим, 3 март 2026 (МИА) - Во зградата на улицата Виа дела Скрофа во Рим, каде што се наоѓаат седиштето на владејачката партија „Браќа на Италија“, канцелариите на Фондацијата Национален сојуз и редакцијата на весникот „Секоло д'Италија“, денеска е пријавено дека е поставена бомба, по што зградата е евакуирана, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Полициски екипи ја пребаруваат зградата, со помош на кучиња трагачи, а се пребаруваат и канцелариите на партијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Додека се пребарува зградата, околните улици се затворени за сообраќај и пешаци.
Претходно денеска имаше дојава дека е поставена бомба и во палатата Киџи, седиштето на италијанската премиерка, за која се утврди дека е лажна. рп/
Фото: АНСА