• сабота, 23 ноември 2024

Донарума: Ќе направиме сѐ за да го победиме Баерн

Донарума: Ќе направиме сѐ за да го победиме Баерн

Париз, 9 февруари 2023 (МИА) - Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума изрази разочарување по поразот од Марсеј со 1:2 во осминафиналето од Купот на Франција. Сепак, Италијанецот се надева на консолидирање на тимот и успешен настап против Баерн во Лигата на шампионите.

- Ја знаевме силата на Марсеј и очекувавме токму таков натпревар. Тоа е многу агресивен тим кој врши притисок. Деталите се важни. Разочарани сме и лути затоа што сакавме да го освоиме овој трофеј. Добро се подготвувавме цела недела и знаевме дека Марсеј ќе игра така. Но, сепак ни беше тешко да ја задржиме топката. Тоа е една од главните работи во кои треба да се истакнувате кога се соочувате со тим кој игра вака. Во вториот дел успеавме да одиграме подобро, но не можевме да ја промениме ситуацијата. Сега треба да ги кренеме главите и да размислиме за саботниот натпревар против Монако. Секоја натпревар има своја приказна. Во моментов треба добро да се подготвиме за натпреварот против Монако и потоа да размислуваме за Баерн, но секој натпревар има своја приказна. Знаеме дека темелно ќе се подготвиме за Лигата на шампионите. Ќе направиме сѐ за да го поминеме  Баерн и да се пласираме во четвртфиналето, го цитира „Л’Екип’ Донарума.

Првиот натпревар од осминафиналната пресметка меѓу ПСЖ и Баерн ќе се игра на 14 февруари во Париз. зс/

Остани поврзан