• среда, 25 декември 2024

Додик најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на Република Српска

Додик најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на Република Српска

Бања Лука, 7 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Република Српска и претседател на СНСД, Милорад Додик синоќа најавија дека повторно ќе се кандидира за претседател на РС на следните општи избори во 2026 година.

-На крилјата на оваа голема победа во Република Српска, ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Српска на следните општи избори. Ја продолжуваме политиката во која веруваат нашите граѓани, рече Додик.

Претходно синоќа изјави дека победата на неговата партија на локалните избори во Република Српска во 47 месни заедници, како и уште четири општини со коалициски партнери, „денес е ден на голем успех за таа партија“.

- Граѓаните го препознаа нашиот став и така добивме поддршка. Нашата политика дава резултати. Победивме и во две општини во Федерацијата Босна и Херцеговина, во Гламоч и Дрвар, рече Додик.

Посочи дека СНСД досега добила преброени 310.000 гласови, што е околу 54,3 отсто.

-Им благодариме на нашите граѓани што покажаа демократска зрелост. Горд сум на кампањата која беше беспрекорна и кандидатите имаа можност да се покажат на најдобар начин, изјави Додик.

Вчерашните локални избори во Босна и Херцеговина беа осми од прогласувањето независност во 1992 година, а на нив беа избрани шефови на општини и градоначалници, како и општински и градски совети и собранија во 143 локални заедници - 111 општини, 32 града и Брчко Дистрикт, која е посебна административна единица. На изборите учествуваа 110 политички партии. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан