• петок, 27 декември 2024

Добил 24 милиони евра на лото, а не ги побарал

Добил 24 милиони евра на лото, а не ги побарал
Бразилија, 2 април 2021 (МИА) - Купувачот на добитното лото-ливче од новогодишната томбола во Бразил, не пошол во државната банка „Каикса“ навреме, за да ги подигне своите 160 милиони бразилски реали (скоро 24 милиони евра). Времето во коешто победникот можел да си ја земе наградата истекло вчера, на 1 април, појаснува ТВ-каналот „Глобо“. Според телевизијата, ова е најголемата награда досега, која не ја побарал оној кој успеал да ги погоди сите шест броја на добитна комбинација на државната лотарија. Според правилата на извлекувањето, на победникот му се даваат 90 дена за да се пријави за наградата. Во спротивен случај, парите се пренасочени кон Фондот за финансирање на високото образование. Џекпотот на новогодишната лотарија за 2020 година е најголем во историјата на тоа извлекување - 325,2 милиони реали. Во исто време, ова не е првпат победник „да ја заборави“ својата добивка. Само 2020 година, скоро 312 милиони реала (околу 465 милиони евра) останаа во наградниот фонд. Последниве пет години, добитниците на државната лотарија ѝ обезбедија заработка од 1,62 милијарди реали (околу 240 милиони евра) на државата.  си/

Остани поврзан