Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
- Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 35.241.068 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.039.443 пациенти, а оздравеле 26.219.819 луѓе.
Скопје, 4 октомври 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 35.241.068 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.039.443 пациенти, а оздравеле 26.219.819 луѓе.
Белград - Од последниот извештај, во Србија биле тестирани 2.677 граѓани, од кои 59 се позитивни, што е речиси двојно помалку од вчера, кога бројот на пациенти за еден ден беше 107.
Според последните податоци објавени на официјалната веб-страница covid19.rs, едно лице починало во последните 24 часа.
Регистрирани се вкупно 33.901 случаи на Ковид-19.
Хоспитализирани се 284 пациенти, а според податоците на Министерството за здравство, во моментот има 21 пациент на респиратори.
Вкупниот број на смртни случаи е 754.
Приштина - Во Косово во последните 24 часа не почина ниту еден заразен од Ковид-19, така што бројката на жртви на епидемијата и натаму е 630. Вчера се регистрирани 56 новозаболени и 69 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен кај 15.814 лица, од кои како излекувани се водат 13.856 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.328 лица. Вчера се извршени 567, а од почетокот на пандемијата 70.219 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Атина - Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 229 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на регистрирани случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 19.842 лица. Во изминатите 24 часа регистрирани се и четири смртни случаи, а од коронавирусот починаа вкупно 409 лица.
Никозија - Министерството за здравство на Кипар соопшти за 13 нови случаи на Ковид-19, од 3.177 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.824 лица.
Сараево - Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 68 новозаболени лица. Во Федерацијата БиХ, потврдени се 27 случаи на коронавирус, во Република Српска 39 и во областа Брчко два. Ова е најмал број на заразени лица во БиХ за еден ден од 23 јуни. Во Федерацијата БиХ досега се тестирани вкупно 162.162 примероци, а вирусот корона е потврден кај 18.398 лица. Заклучно со денешниот ден, 14.976 пациенти се излекувани во Федерацијата БиХ, а 2.878 случаи со Ковид-19 се моментално активни. Во изминатите 24 часа, два нови смртни случаи беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата во Федерацијата БиХ е 544. Љубљана - Во Словенија се потврдени 168 нови случаи на коронавирус од 1.940 тестирани. Бројот на смртни случаи остана 155, а во моментов се активни 2.078 случаи на инфекција. Сто и еден пациент е хоспитализиран, од кои 16 се на интензивна нега, пренесува агенцијата СТА. Во Словенија, потврдени се 6.330 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата. Букурешт - Во Романија е забележано дневно зголемување на бројот на пациенти за 3.899, соопшти Стратешката група за комуникација. Вкупно 5.003 лица починаа како резултат на инфекција со коронавирусот, вклучувајќи ги вчерашните 32 и денешните 56 смртни случаи, пренесува агенцијата Аѓерпрес. Речиси 8.000 пациенти биле хоспитализирани, а 600 се на интензивна нега. Досега, 135.900 луѓе биле заразени со Ковид-19 во Романија, а 108.135 се излекувале. Според Стратешката група, досега се тестирани 2.510.209 граѓани. Будимпешта - По неколку дена во кои Унгарија регистрираше повеќе од 1.000 заразени за еден ден, денеска има мало опаѓање- 858 нови случаи. Како последица на коронавирусот, уште десет лица починаа денеска во Унгарија. Досега се заразени вкупно 30.575 лица, а починаа 822 лица. Виена - Во Австрија, во последните 24 часа, регистрирани се 714 нови случаи на инфекција со коронавирус, а четири лица починаа. Во моментов во Австрија има 8.746 активни пациенти, од кои 476 се хоспитализирани, а 103 се на интензивна нега. Во изминатите 24 часа починаа четири лица, така што вкупниот број починати достигна 813. Од почетокот на епидемијата, вкупно 48.188 лица биле позитивно тестирани на вирусот, а 38.629 биле излекувани. Рим - Во најновата видео порака во која претседателот на јужниот регион Кампања, Виченцо де Лука, им се обрати на граѓаните од регионот директно преку Фејсбук, тој покажа снимка од приватна прослава што се одржа во историскиот центар Неапол. Според него, по прославата, 30 учесници биле позитивно тестирани на Ковид-19. Покрај овие 30 млади заразени лица, медицинските лица треба да тестираат уште 150 лица за кои е откриено дека биле во контакт со нив. Варшава - Вкупниот број на потврдени случаи со коронавирус во Полска надмина 100.000, а само минатата недела, дневниот број на новоинфицирани трипати достигна рекорден број на нови пациенти со Ковид-19. Иако во Полска се регистрирани 100.000 пациенти, стапката на инфекција е значително под просекот во многу западноевропски земји. Вкупниот број смртни случаи е 2.630, а 26 пациенти починале во последните 24 часа, додека дневниот број на новоинфицирани е нешто помалку од 2.000. Полска од четвртокот се наоѓа на карантинските листи на Велика Британија и Шкотска. Џакарта - Во последните 24 часа, во Индонезија се регистрирани 3.992 нови случаи на Ковид-19, што е најниско дневно зголемување во последните шест дена. Вкупниот број потврдени случаи во таа земја е 303.498, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство. Досега, 11.055 пациенти починале како резултат на Ковид во Индонезија, што е една од азиските земји со највисока смртност. паг/