• среда, 13 ноември 2024

Директорот на ЈПДП Коце Трајановски на увид на регионалниот пат Башино Село –Велес

Директорот на ЈПДП Коце Трајановски на увид на регионалниот пат Башино Село –Велес

Велес, 9 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на своите теренски активности в.д директорот на Јавното ‎претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на ‎Велес Марко Колев денеска направија увид на градежните активностите за рехабилитација ‎на патните правци Р1102 делница Башино село-Велес и Р1312 делница Башино Sело-‎мост на Вардар-Велес.

Овие патни правци транзитираат низ градот и во моментов се ‎работи на делниците кои се влез во Велес.

Од ЈПДП соопштија дека се изведуваат градежни работи во вредност од 44 милиони денари, обезбедени од ‎ЈПДП во програмата за инвестиционо одржување на државните патишта. ‎Рехабилитација на овие патни правци ја изведува ЈПМакедонија пат Велес.‎

Градоначалникот Марко Колев на својот фејсбук профил објави дека заедно со пратениците и претседателот на Советот, со в.д директорот на ЈПДП Коце Трајановски, биле на увид на терен и при тоа разговарале  за клучните потреби на велешани, за кои Општината  понатаму останува отворена за соработка со ЈПДП и сите државни институции.

Колев најавува решавање  на останатите  долгогодишните проблеми на велешани. ад/цр

Фото: ЈПДП

 

Остани поврзан