• вторник, 24 декември 2024

Директорот на Наполи: Разговараме со Кварацхелија за нов договор

Директорот на Наполи: Разговараме со Кварацхелија за нов договор

Неапол, 5 октомври 2024 (МИА) - Спортскиот директор на Наполи Џовани Мана информира дека клубот е во преговори со напаѓачот Квича Кварацхелија за продолжување на неговиот договор.

- Комуницираме за нов договор. Не брзаме и не сме под притисок. Фудбалерот има уште три години од актуелниот договор. Смирени сме и преговараме, го цитира Мана на социјалната мрежа Икс инсајдер Фабрицио Романо.

На 1 октомври беше објавено дека клубот му нуди на 23-годишниот Грузиец плата од шест милиони евра годишно за продолжување на договорот.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Во тековната сезона постигна три гола и две асистенции на девет натпревари за тимот од Неапол.

Актуелниот договор на Грузиецот со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Сегашната плата на Кварацхелија изнесува 4,6 милиони евра годишно. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан