• среда, 13 ноември 2024

ДиАнџело Расел останува во Лејкерс

ДиАнџело Расел останува во Лејкерс

Лос Анџелес, 29 јуни 2024 (МИА) - Американскиот кошаркар Дианџело Расел реши да остане уште една сезона во Лејкерси и да инкасира речиси 19 милиони долари.

Иднината на американскиот бек во Лос Анџелес беше неизвесна и за време на зимскиот преоден рок, каде медиумите го селеа речиси насекаде во НБА. Сепак, по одличната регуларна сезона, негова втора најдобра откако дојде на најголемата кошаркарска сцена во светот, клубот од ЛА го задржа до крајот на натпреварувачката година, а сега, се чини, ќе остане уште подолго.

Иако Расел имаше неколку примамливи понуди, американскиот кошаркар ја искористи опцијата во договорот и остана уште една сезона во Лејкерси за 18,7 милиони долари.

Динаџело Расел минатата сезона одигра 76 натпревари каде имаше просек од 18 поени, шест асистенции и три скока. На 69 меча почна како стартер, додека имаше највисок процент на шут за три поени (41,5 отсто) во кариерата.

Тој пристигна во Лос Анџелес во февруари 2023 година од Минесота, каде што претходно помина три сезони. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан