• недела, 28 јули 2024

Де Хеа го израмни рекордот на Шмајхел

Де Хеа го израмни рекордот на Шмајхел
Манчестер, 16 февруари 2022 (МИА) - Манчестер јунајтед синоќа го победи Брајтон со 2:0 во одложениот натпревар од 18. коло на Премиер лигата. Голманот на „црвените ѓаволи“ Давид Де Хеа го одигра својот 128-ми натпревар без примен гол во англиската Премиер лигата и го повтори клупскиот рекорд. Шпанецот го дели ова достигнување со легендарниот Данец, Питер Шмајхел, кој бранеше за Манчестер јунајтед од 1991 до 1999 година. По синоќешната победа Јунајтед се проби на четвртото место во поредокот на Премиер лигата со освоени 43 бодови, 20 помалку од лидерот Манчестер сити. зс/

Остани поврзан