• недела, 24 ноември 2024

Де Доменико: Од почетокот на  војната околу 90 отсто од населението во Газа било раселено барем еднаш

Де Доменико: Од почетокот на  војната околу 90 отсто од населението во Газа било раселено барем еднаш

Женева, 4 јули 2024 (МИА) – Од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и Хамас околу 90 отсто од населението било раселено барем еднаш, наведува Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања на ОН.

Андреа Де Доменико, шеф на Канцеларијата на палестинските територии, синоќа изјави дека се верува дека околу 1,9 милиони лица се раселени во Газа.

-Проценуваме дека од октомври досега, за жал, девет од секои десет жители на Појасот Газа биле внатрешно раселени барем еднаш, ако не и до десет пати, изјави Де Доменико.

Претходните проценки на Канцеларијата беа дека се раселни 1,7 милиона лица, но оттогаш беше почната и воената операција во Рафа, на југот на Појасот Газа, од каде населението, исто така, беше раселено.

-Потоа следеа и операции на северот на енклавата, поради што луѓето и оттаму си заминаа, објасни Де Доменико.

Споре него, ваквите воени операции ги принудилеа луѓето повеќепати да почнуваат од почеток.

-Во изминатите девет месеци луѓето беа преместувани како пиони во шаховска игра, додаде првиот човек на Канцеларијата на ОН.

Тој додаде дека Појасот Газа е поделен на два дела поради израелските воени операции и дека Канцеларијата проценува дека 300.000 до 350.000 лица кои живеат на северот на опколената територија не можат да одат на југ.

Од почетокот на војната, па до затворањето на граничниот премин кон Египет, на почетокот на мај, Појасот Газа успеале да го напуштат околу 110.000 лица, а Де Доменико кажа дека некои останале во Египет, а други ја напуштиле и оваа земја. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан