• четврток, 26 декември 2024

Де Бруин прогласен за најдобар фудбалер во Англија, Александар-Арнолд за најдобар млад играч

Де Бруин прогласен за најдобар фудбалер во Англија, Александар-Арнолд за најдобар млад играч
Лондон, 8 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин Де Бруин е прогласен за најдобар играч на Англија од страна на Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА). Минатата сезона, 29-годишниот Белгиец одигра 35 натпревари за „граѓаните“ во Премиер лигата, постигна 13 погодоци и забележа 21 асистенција. Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд е прогласен за млад играч на годината. Дваесет и едногодишниот фудбалер минатата сезона забележа 38 настапи во Премиер лигата и постигна четири гола со 13 асистенции. зс/

Остани поврзан