• четврток, 26 декември 2024

Дестро постигна гол против Верона со шише во раката

Дестро постигна гол против Верона со шише во раката
Џенова, 26 септември 2021 (МИА) - Напаѓачот на Џенова, Матија Дестро вчеравечер постигна гол во натпреварот од 6. коло на италијанското првенство против Верона (3:3). Триесетгодишниот Италијанец држејќи шише во левата рака, на асистенција на македонскиот фудбалер Горан Пандев, во 85. минута се запиша во листата на стрелците за во тој момент водство на Џенова со 3:2. На крајот резултатот беше 3:3. По овој меч, Џенова и Верона имаат по пет бода и ги заземаат 15, односно 14 место во Серија А. зс/

Остани поврзан