• сабота, 23 ноември 2024

Десет полицајци повредени во судир со затвореници при претрес во Идризово

Десет полицајци повредени во судир со затвореници при претрес во Идризово

Скопје, 28 октомври 2023 (МИА) - Десет полицајци се повредени во судир со група затвореници при претрес во  полуотвореното одделение во Казнено поправната установа Идризово. Како што соопшти МВР, при преземањето службените дејствија, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, соопштуваат од МВР, но како што велат, по преземени мерки и активности затворениците биле совладани.

Притоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, како и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

При претресот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, пронашле 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон, како и дрога.

-Денеска (28.10.2023) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. Притоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението од МВР. ра/нд/

Фото: МВР

Остани поврзан