• сабота, 23 ноември 2024

Демо тура со електричен автобус во Тетово по повод европска недела на мобилност

Демо тура со електричен автобус во Тетово по повод европска недела на мобилност

Тетово, 30 септември 2022 (МИА) - Општинското превозно претријатие „Тетово транспорт“ денеска организираше бесплатна демо тура со електричен автобус во градот, по повод европската недела на мобилност.

Заинтересираните граѓани имаа можност да патуваат со електричен автобус од производителот „Анадолу Исузу“ чии возила се користат од ЈП Тетово Транспорт за јавен превоз.

-Моделот „Исузу НОВО сити“ е електричен автобус ново возило во портфолиото на компанијата и претставува идеален автобус за мали градски средини со оглед на должината од осум метри. Се покажа како доста поволен за  тесни градски јадра и тесни улици. Поминавме 20 километри во реален сообраќај, со 30-тина патници, најголем бенефит е нула емисија на ЦО2,гасови, вибрации и звук значи нема бучавост, изјави Владимир Сековски, од компанијата Ауто Македонија.

Според него за рута од 20 километри ова возило потрошило пет киловати или 150 денари.

-Капацитетот на автобусот е 269 киловати, има осум батерии на кровот- со брзи брзи полначи се полни за 2-2,5 часа додека со редовни полначи за 8-8,5 часа што значи дека два до три дена без да се полни може да се вози. Покрај инвестиција во автобуси потребни се и вложувања за полначи или фотоволтаици во иднина, рече Сековски.

Овој автобус има 25 седишта, 25 места за за стоење и простор за инавалидизирани лица.

-Општина Тетово е отворена за секоја иновација што е добра и корисна за градот и неговите граѓани, затоа ќе се посветиме максимално за да овозможиме Тетово во иднина да има електрични автобуси кои се многу евтини и високоефикасни, особено во зачувувањето на животната средина, порача градоначалникот Биљал Касами.

Вакви демо тури се организирале во Струмица, Прилеп и Битола.ас/бт/ 

Остани поврзан