Демонстранти ја урнаа статуата на таткото на Башар ал Асад во Дамаск
- Инаку, семејството на Асад владее со Сирија во последните 53 години. Но, американски функционер, кој побарал да не биде именуван, за Си-Би-Ес изјави дека Дамаск се чини дека „паѓа во рацете на бунтовниците, предградие по предградие“, додавајќи дека борците кои се противат на режимот на Асад напредуваат на главниот пат кон сириската престолнина.
Дамаск, 7 декември 2024 (МИА) - Демонстранти во сирискиот главен град Дамаск ја урнаа статуата на Хафез Асад, таткото на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Демонстрантите се собрале на централниот плоштад во населбата Џарамана, каде доминира друзиско и христијанско население. Плоштадот го носи името на Хафез Асад, а неговиот споменик е соборен и сниман на видео, кое е објавено на социјалните мрежи.
#Syria BREAKING: the regime has just lost control of it's first suburb in the city of #Damascus.
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) December 7, 2024
Syrians in the Druze neighborhood of Jaramana are rising up against #Assad, toppling a statue of Hafez on the local square. pic.twitter.com/e3nTEAnByr
Насобраните се упатија кон владините згради во областа на главниот град под силен полициски надзор.
Демонстрантите маршираа кон полициските канцеларии барајќи да бидат испразнети, соопштија активисти. Властите ги толерираа повеќето протести на малцинството Друзи во земјата, за разлика од другите области контролирани од владата каде што безбедносните сили пукаа врз демонстрантите.
Инаку, семејството на Асад владее со Сирија во последните 53 години. Но, американски функционер, кој побарал да не биде именуван, за Си-Би-Ес изјави дека Дамаск се чини дека „паѓа во рацете на бунтовниците, предградие по предградие“, додавајќи дека борците кои се противат на режимот на Асад напредуваат на главниот пат кон сириската престолнина. ссм/
фото: ЕПА