• среда, 25 декември 2024

Демократско движење: Бујар Османи има време за валкани политички пазарења со Груевски, но нема време за Косово

Демократско движење: Бујар Османи има време за валкани политички пазарења со Груевски, но нема време за Косово

Скопје, 29 септември 2023

По терористичкиот напад на северот на Косово, веднаш реагираа лидерите на демократските држави, но и светските центри на одлучување, кои изразија загриженост за катастрофалното сценарио кое може да го вознемири не само Балканот, туку и пошироко. 

Веќе нема дилема дека зад оваа дестабилизирачка активност стои српскиот режим, кој е во служба на руските интереси за создавање нови кризни центри, со цел да се дефокусира светскaта јавност од војната во Украина. 

Изненадувачки, околу овој многу тежок настан, поточно за нападот на српските терористи, уше не се гледа ниту едно дејствување од страна на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, а воедно и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. 

Додека Бујар Османи има време да шета во секој агол на светот, а во многу случаи да реализира и непродуктивни посети, тој не смета дека е разумно да оди во Приштина и да се сретне со косовските претставници во знак на поддршка во овој многу тежок момент за државата Косово. 

Бујар Османи има уште повеќе причини да го посети нападнато Косово од српските терористи бидејќи цело време се фали дека е на чело на ОБСЕ. 

Но, има најмалку две можни причини заради кои не го прави тоа. Едната се вика “Пациент” а другата дека нема време да го работи тоа за што е платен со народни пари зошто е зафатен правејќи валкани политички пазари со нивниот омилен политичар Никола Груевски.

Демократското движење изразува целосна поддршка и благодарност до премиерот Курти, кој во овој случај спречи ситуацијата да ескалира во конфликт од регионални размери. 

Демократско движење 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан