• петок, 22 ноември 2024

„Демиграцијата“ го доведува во прашање сојузот меѓу француската и германската екстремна десница  

„Демиграцијата“ го доведува во прашање сојузот меѓу француската и германската екстремна десница  

Брисел, 16 март 2024 (МИА) - Несогласувањата меѓу двете водечки партии во екстремно десничарската групација Идентитет и демократија (ИД) во Европскиот парламент, Алтернативата за Германија (АФД) и францускиот Национален собир (РН), се продлабочуваат, што го загрозува единството и иднината на оваа парламентарна група. 

Главна причина за раздорот е идејата промовирана од некои членови на АФД за „демиграција“, односно за депортација на германските граѓани со мигрантско потекло, на што се противи РН на Марин Ле Пен, која се обидува да манифестира одреден степен на умереност во пресрет на јунските избори за членови на Европарламентот, како и да изгради имиџ на „општествено прифатлив“ политичар пред француските претседателски избори во 2027 година. 

Во јавноста протекоа информации за таен состанок одржан во германскиот град Потсдам на кој присуствувале и членови на АФД и на кој се разговарало за тоа како да се најдат начини странците и германските државјани од мигрантско потекло да бидат принудени да ја напуштат Германија. 

Таа истакна дека санкциите на ЕУ, всушност го казнуваат францукиот народ, кој годинава го чека, како што се тврди, тешка зима

Ваквите информации предизвикаа жестоки реакции ширум Германија, а Ле Пен се дистанцира од АФД и дури ја доведе во прашање соработката со германската сестринска партија. 

АФД се обиде да го смири незадоволството во РН ублажувајќи го значењето на идејата за „демиграција“, а беа одржани и средби на меѓу претставници на двете партии. Меѓу останатите, имало и средба на Ле Пен со копретседателката на АФД, Алис Вајдел, која тврдеше дека членовите на АФД кои учествувале на средбата во Потсдам, таму не биле во својство на партиски претставници или функционери. 

Но, засега таквите напори не вродија со плод, па извори во РН изјавија дека АФД „треба да стори повеќе“ за да се дистанцира од контроверзниот предлог. - РН останува внимателна во однос на политичките позиции на нејзините сојузници и затоа мораме да водиме внатрешна дебата за политиките на АФД, изјавија истите извори. 

null

По средбата Ле Пен-Вајдел, пратеникот во францускиот Парламент, Тибо Франсоа изјави дека од АФД била побарана „писмена гаранција“ дека „демиграцијата“ нема да биде дел од изборната програма на германската партија, што нема да биде едноставно имајќи предвид дека терминот веќе стана дел од предизборната реторика. 

Во такви услови, ако АФД целосно се огради од идејата за „демиграција“ би можела да предизвика конфликт во партиската база и да загуби дел од гласачите, а ако не го стори тоа ризикува да иницира прекин на односите со РН.  

Инаку, терминот „демиграција“ прв во 2022 година го промовираше Ерик Земур, лидер на француската националистичка и десно популистичка партија Повторно освојување (Р!), која е главен ривал на РН за привлекување на десничарските гласачи во Франција. Инаку, Повторно освојување (Р!) од неодамна е членка на десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕРЦ), каде водечки партии се Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони и полската Право и правда (ПиС) на Јарослав Качински. 

null

Извори во ИД, тврдат дека идејата за „демиграција многу сериозно ги нарушила односите“ меѓу РН и АфД, што ја доведува во прашање нивната идна соработка. Според истите извори, расколот меѓу РН и АФД би можел да доведе до распад на ИД или барем до истапување на една од овие две партии од групата. Таквиот развој на настаните би можел да резултира со прегрупирање на силите во европските десничарски политички групации. 

Францускиот весник „Монд“ неодамна објави дека има обиди за продлабочување на односите Ле Пен и Мелони. Евентуалното нивно здружување и уште можното приклучување на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон нивната потенцијална групација би резултирала со формирање на бројно моќна пратеничка група во идниот Европски парламент, со што би се зајакнале позицијата и влијанието на италијанската премиерка во рамките на ЕУ.  

Во таков случај, АФД би останала во група со неколку помали екстремно десничарски партии, со што таа би била маргинализирана во Европскиот парламент и покрај очекуваните солидни изборни резултати на евроизборите. сп/са/

Фото: Икс/МИА Архива

Остани поврзан