Дел од Општина Кисела Вода без вода
- Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците од улиците „Караџица“, „Милан Мијалковиќ“, „Полог“, „Кара Трифун“ и „Малина Попиванова“ во општина Кисела Вода.
![Дел од Општина Кисела Вода без вода](https://new.mia.mk/index.php/images/20240327105442_big_730x400_28.webp )
Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците од улиците „Караџица“, „Милан Мијалковиќ“, „Полог“, „Кара Трифун“ и „Малина Попиванова“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Милан Мијалковиќ“ без број.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. мд/бак/
Фото: МИА архива