Дел од општина Аеродром денеска без вода
- Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 250 милиметри на улицата „Венијамин Мачуковски“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Венијамин Мачуковски“, „Петар Ацев“ и „Анастас Митрев“ во општина Аеродром.
Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 250 милиметри на улицата „Венијамин Мачуковски“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Венијамин Мачуковски“, „Петар Ацев“ и „Анастас Митрев“ во општина Аеродром.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување од 10:40 часот до завршување со активностите за изведување водоводен приклучок. вј/дма/
Фото: МИА архива