• сабота, 23 ноември 2024

Движење Беса од Боговиње: Во наредните четири години ќе ги решиме проблемите со елементарна инфраструктура

Движење Беса од Боговиње: Во наредните четири години ќе ги решиме проблемите со елементарна инфраструктура

Тетово, 9 октомври 2021 (МИА) - На предизборен митинг Движењето Беса ги претстави кандидатот за градоначалник на Боговиње, Фатмир Сабриу и листата со кандидати за советници со носителот Фикрет Шабани. На оваа средба со граѓаните на Боговиње се обрати и партискиот претседател, а воедно и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами.

Лидерот на партијата рече дека во Боговиње е составена листа со млади луѓе за советници и градоначалник со кои сакаат да донесат промена во таа општина.

-Не само во Боговиње туку и секаде каде имаме кандидатски листи, ние нудиме чесни кандидати, верници, и луѓе што знаат што е приоритет. Избравме кандидати кои се експерти во профсијата. Кои ја знаат вредноста на семејството, честа и вербата.  На прво место треба да ја вратиме вербата на граѓаните во општината. Кој ја чувствува општината како дом, тој знае. Ветуваме дека ќе има соработка помеѓу градоначалникот и советот. Без да сакаме на овие избори ни се наметнаа неколку теми кои треба да ги говориме на овој изборен процес, на оваа кампања. Во 21-ви век се уште треба да говориме за проблеми со канализацијата, снабдување со вода, елементарна инфраструктура. Ветуваме дека со нас ќе има се и веќе нема да се дискутира за овие теми. Фатмир има задача во наредните 4 години да ги затвори овие теми. Никој да не се замара со вакви ветувања. На следните избори ќе говориме за современи проблеми. Еден сегмент на кој ние ќе работиме е полето на образование. Со тоа ги градиме темелите на нашата иднина. Денес многу наши општини се далеку од економскиот развој што им е потребен, рече Билал Касами.

Кандидатот за градоначалник Фатмир Сабриу истакна дека се подготвени за промени заедно со неговата екипа.

-Сакаме корумпираните политичари да ги замениме со нови. Да воведеме транспарентност, водење политика без корупција, со инвестирања. Јас ќе бидам ваш градоначалник и целосно знам што значи тоа. Градоначалникот треба да работи за тие што го избрале, а не за себе, работата на градоначалникот е да ги здружува а не разделува граѓаните. Задачата на градоначалниокот е да ги детектира проблемите да планира проекти, да обезбеди еднакви улсови за сите да ги реализира своие ветувања. Ние сме подготвени да ги реализираме нашите проекти и соништа на Општина Боговиње, рече Сабриу.

На средбата се обрати и генералниот секретар на партијата Арианит Хоџа. ас/ац/

Остани поврзан