• среда, 25 декември 2024

Две нови струки и пет дуални паралелки во средните училишта во Кочани

Две нови струки и пет дуални паралелки во средните училишта во Кочани
Кочани, 5 април 2021 (МИА) – Во учебната 2021/2022 година идните средношколци во средните училишта во Кочани ќе може да изберат две нови струки и настава во пет дуални паралелки, со зголемен обем на практична обука и да добиваат стипендии. Измените се направени со новиот конкурс што го објави Министерството за образование и наука, со кој е планирана практична обука за 125 ученици во 12 локални компании кои пројавиле интерес за соработка и подготвеност да ги обучуваат учениците директно на работните места. Две нови струки, трговска и хемиско-технолошка се отвораат во СОУ „Љупчо Сантов“, каде ќе има две дуални паралелки за бизнис-администратор во економско-правната и трговската струка и една паралелка за хемиски лаборантски техничар во хемиско-технолошката струка. Во СОУ „Гошо Викентиев“, во машинската струка се отвора нова дуална паралелка за техничар за производно машинство, а во електротехничката струка дуални ќе бидат постојните паралелки за електротехничар за електроника и телекомуникации и електротехничар-енергетичар. – Голема е потребата од стручни кадри коишто ќе одговорат на потребите на стопанството. Од трговската и хемиско-технолошка струка во „Љупчо Сантов“ очекуваме да произлезат обучени кадри за продажба, односно онлајн-продажба, дистрибуција, маркетинг и кадри потребни во конзервно-преработувачката индустрија. Со ова сметам дека правиме голем позитивен чекор, како за учениците – да дојдат полесно до сооветни работни места, така и за фирмите – да дојдат до обучени кадри подготвени веднаш да влезат на работа, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. Новата уписна политика е креирана како резултат на интензивна соработка помеѓу Министерството за образование и наука, локалните самоуправи и бизнис-заедницата и согледувањето на потребата за отворање нови образовни профили и паралелки во училиштата. та/хс/

Остани поврзан