• четврток, 26 декември 2024

Двајца пратеници на Мадагаскар починаа од последици од Ковид-19, а 25 се заразени

Двајца пратеници на Мадагаскар починаа од последици од Ковид-19, а 25 се заразени
Анрананариво, 13 јули 2020 (МИА) - Двајца пратеници во Мадагаскар починаа од последици од новиот коронавирус, а најмалку 25 членови на Парламентот се инфицирани од почетокот на епидемијата во март, изјави денеска мадагаскарскиот претседател Андри Раџеолина. Тој не прецизираше кога починале пратениците, ниту пак ги именуваше. - Почина еден пратеник. Почина еден сенатор. По тестирањето е утврдено дека се заразени 11 пратеници и 14 сенатори, наведе Раџеолина. Тој додаде дека иако бил во контакт со заболени лица оти не е инфициран со Ковид-19. Раџеолина истакна дека тој и неговото семејство пијат „Ковид органик“, растителен тоник, што беше промовиран во април на Мадагаскар, за кој се тврди дека е лек против новиот коронавирус, иако Светска здравствена организација предупреди дека не е докажана ефикасноста на пијалакот. ми/

Остани поврзан