• четврток, 09 јануари 2025

Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба

Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба

Вашингтон, 8 јануари 2025 (МИА) - Две лица загинале и повеќемина се повредени од пожарот „Итон“ во близина на Пасадена, Калифорнија, изјавија денеска од пожарникарската служба на округот. Таму, во тек е евакуација на околу 32.500 жители.

Територијата со пожарите што зафати неколку населени места во Лос Анџелес, како елитното Палисајдс, сега се удвоила. Во Палисајдс, под наредба за евакуација се 37.000 луѓе, додека приближно 15.000 објекти се под ризик да изгорат. Пожарот започна овде пред 24 часа и се прошири на 2.950 акри (1.193 хектари).

Како резултат на пожарите гувернерот Гавин Њусам прогласи вонредна состојба во Калифорнија.

Болничките служби се под огромен притисок да интервенираат кај лица кои имаат пречки во дишењето од смогот што, според извештаите на медиумите, поради ветерот се шири во многу делови од градот.

Командирот на полицијата на Лос Анџелес изјави дека ветровите се причина за брзото ширење на пожарите.

- Тие се трагично бреме во нашата историја. Ова досега не сум го видел, изјави командирот Џим Мекдонел.

Јануари обично е време со најмалку пожари во Калифорнија.

На брифингот за јавноста денеска уште беше кажано дека од пожарите досега биле уништени над 1.100 објекти и згради. Исто така биле повредени неколку пожарникари.

Околу 3.000 лица се евакуирани од пожарот „Хрст“ во областа Силмар. кб/јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан