• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дарманин: Запалени три возила во близина на затворот Тараскон

Дарманин: Запалени три возила во близина на затворот Тараскон

Париз, 16 април 2025 (МИА) - Францускиот министер за правда Жералд Дарманин вчера изјави дека три возила биле запалени пред затворот Таракон во Буш-ду-Рон, што ја одбележа втората ноќ по ред на насилство поврзано со затворот.

Обвинителот Лоран Гимбо рече дека три возила биле запалени утрово во 5:20 часот во близина на затворот Тараскон, на „изолиран паркинг само за персоналот, заграден и обезбеден со дигитален код, пишува „Фигаро“.

Француското Национално обвинителство за антитероризам (ПНАТ) ја презеде истрагата започната вчера за обидот за убиство на јавен службеник во Тулон и за вандализам од организирана банда во врска со други напади во затворите.

-Првиот инцидент се случи во неделата во градот Аген кога седум возила беа запалени на паркинг пред Националното училиште за персонал во затворската управа (ЕНАП), изјави обвинителот Оливие Набуле.

Потоа, ноќта меѓу понеделникот и вторникот беа нападнати неколку затвори во повеќе градови, со запалени возила на нивните паркинзи, додека во Тулон од автоматско оружје се пукаше кон затворската ограда.

Нападнати се и затворите во Нантер, Марсеј и Ним.

Евидентирани се вкупно 15 инциденти во кои од автоматско оружје било пукано во затворски објекти.

Според извор близок до истрагата, овие напади биле координирани и планирани како одговор на формирањето максимално безбедносни затвори и на стратегијата на Министерството за правда за борба против трговијата со дрога.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо во оваа прилика објави дека побарал да се зајакне безбедноста на затворот и стражата.

-Силно ги осудувам овие дела и им наложив на полициските сили веднаш да ги зајакнат мерките за заштита во затворските установи, рече тој на платформата „X“.

За нападите врз затворите се огласи и министерот за правда Жералд Дарманин, осудувајќи ги „обидите за заплашување“.

-Франција е соочена со трговија со дрога и презема мерки кои сериозно ќе ги нарушат криминалните мрежи. Одговорот на државата ќе биде решителен и храбар, нагласи тој. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан